Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига – Исток, Каменица Саса, ремизираше без голови против Кожуф во Гевгелија, и го задржа врвот, но сега со помала бодовна залиха пред конкурентите.
Слога Виница славеше на гости против Кит Го со 1-2. Бојан Иванов го најави триумфот во 52.минута, но израмни Бошко Ступиќ три минути подоцна. Сепак, Иван Митров од пенал погоди за победа на Слога во 90.минута.
Осогово оствари гостински триумф кај Беласица со 0-2. Со погодоците на Јасин Муше во 15. и Екрем Мемеди во 76. минута, гостите од Кочани славеа важна победа.
Детонит ја совлада Локомотива со 1-0, а Победа беше убедлива против Братство (5-0).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski