
Најтрофејниот македонски клуб Вардар оствари важна победа против Охрид Лихнидос (2-0) за да фати ритам во Втората лига Запад. Дејан Блажевски беше стрелец на водечкиот погодок во 15.минута, а триумфот го потврди Дарко Грозданоски во 75.минута. Охриѓани играа со фудбалер помалку од 43.минута кога беше исклучен Љупчо Трпески.
Силекс по шест победи, ремизираше 2-2 на гости кај Гостивар. Стојан Стојчевски донесе предност за кратовци во 19.минута, но израмни Љавдрим Скендери во 34.минута. Агон Елмази се погрижи за пресврт во 50.минута, но ново израмнување донесе Ѓорѓи Танушев во 62.минута од дуелот.
Воска Спорт беше убедлива на домашен терен против Кадино славејќи со 5-0. Изаир Емини и Бехар Фета постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запиша и Игор Паноски.
Кораби и Тетекс одиграа 3-3, а Велешта и Беса ремизираа 1-1. Шериф Реџепи донесе водство за гостите, а израмни Стојанчо Велинов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
