
Струга ТЛ влезе во негативна серија, не знае за победа да трите последни меча, а капитенот Буњамин Шабани вели дека време е оваа низа да биде прекината. Денеска (14 часот) на стадионот крај езерото гостува Борец, а стружани посакуваат три бода.
„После три натпревари без победа, мислам дека натпреварот со Борец е една добра можност да ја прекинеме негативната серија. Сите сме максимално подготвени за овој натпревар и веруваме дека со победа ќе направиме еден пресврт во сезоната, а потоа да продолжиме со позитивни резултати. Веруваме во ваков расплет и тоа ни дава сила денеска пред нашите навивачи да го дадеме максимумот. Треба да покажеме дека резултатската криза е помината, а Струга Трим Лум и оваа година сака да се бори за излез во Европа“ изјави Шабани.
Лидерот Шкупи гостува во Кавадарци, а дербито се игра во Струмица каде Академија Пандев ќе ја пречека Шкендија.
Брегалница во Штип е домаќин на Македонија ЃП, а Ренова во Тетово ќе го пречека Пелистер.
Вчера, на отворањето на десеттото коло, Скопје како гостин го совлада Работнички со 0-1.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
