Пари Сен Жермен со многу мака стигна до нов триумф во францускиот шампионат совладувајќи го со пресврт Анже на „Паркот на принцовите“ со 2-1. Маурисио Покетино на овој меч беше без Бразилците и без Аргентинците кои играат за националните селекции, но и без нив изведе силен состав. Сепак, тимот не беше на потребното ниво, барем во првото полувреме.
Анже поведе со голот на Анџело Фулџини во 36.минута. Сепак, ПСЖ не дозволи да загуби на домашен терен.
Данило Переира со удар со глава израмни во 69.минута, а Килијан Мбапе од пенал постигна победнички погодок во 87.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













