
Работнички и Скопје го отвораат десеттото коло од Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречекаат Скопје во првиот меч по репрезентативната пауза, а младинскиот репрезентативец Лука Станковски се надева дека тимот ќе се врати на победнички патеки.
„Паузата беше искористена за анализа и подготовка за следните искушенија, иако тимот не беше комплетен со оглед дека има младински репрезентативци. Но, по враќањето од репрезентативната акција веднаш се фокусиравме на новите првенствени предизвици затоа што сакаме да вратиме на победнички патеки. Денеска ни гостува тимот на Скопје, еден квалитетен и максимално борбен состав, што заслужува респект. Ние ќе мораме да дадеме 150% од можностите доколку сакаме да ја оствариме целта и да стигнеме до триумф“, вели Лука Станковски.
Натпреварот меѓу Работнички и Скопје ќе се одигра на Националната арена со почеток во 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев.
Останатите натпревари од десеттото коло се на програмата утре, а дербито е во Струмица каде Академија Пандев ќе го пречека актуелниот првак Шкендија.
ПРВА ЛИГА ДВОЈКИ 10. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (ДЕНЕСКА 14 Ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (УТРЕ, 14 Ч.)
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БОРЕЦ
ТИКВЕШ – ШКУПИ
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
