Фудбалската репрезентација на Македонија загуби убедливо (0-4) од Германија на арената „Тодор Проески“. Селекторот Благоја Милевски е задоволен само од првото полувреме кога успеавме да задржиме „нула“. Но, потоа Германија додаде гас, а Македонија падна и на физички план.
„Со Германија не е доволно да одиграш само едно полувреме. Можам да им честитам на момците за прикажаното во првото полувреме. Потоа како да паднавме на физички план, а сите четири гола Германците ги постигнаа после наши грешки. Но, игравме против една многу силна селекција која знаеше да ги искористи нашите индивидуални грешки. Би сакал да и се извинам на публиката за настапот во второто полувреме. Треба да продолжиме да работиме, да го заборавиме ова второ полувреме и да се насочиме кон наредните два меча, директниот ривал за тоа второ место Ерменија, како и последниот меч со Исланд“, изјави македонскиот селектор на прес – конференцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













