
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) е пред нов голем предизвик, на арената „Тодор Проески“ гостува моќната Германија. По сензационалниот триумф во Дуисбург, сега македонските репрезентативци имаат уште потешка задача, да докажат дека можат да се носат со најголемите.
Капитенот Стефан Ристовски, сепак, вели дека не треба да се закажуваме со Дуисбург и да мислиме дека чудо така лесно се случува.
„Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. За мене е секој натпревар е искуство. Против било кој противник. Европското за сите значеше многу за сите. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Германија, за мене е најголемата репрезентација на светот“, вели Стефан Ристовски.
Од тој меч во Дуисбург има многу промени. Го нема Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер во историјата, а овојпат недостига и Енис Барди, фудбалерот на Леванте, кој поради повреда не можеше да одговори на повикот на новиот селектор Благоја Милевски.
„Мислам дека Горан Пандев фалел и ќе фали. Не е професионално сега да се враќаме назад. Треба да гледаме напред. Барди, да, носител е на оваа генерација, но ако не е тој на терен ќе биде некој друг. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Мора да го заборавиме тоа во Дуисбург. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи се што ќе ни се пружи“, истакнува Стефан Ристовски кој вечерва ќе го одигра 73. натпревар во националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
