
Германија е во Скопје. Македонскиот национален тим вечерва (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека четирикратниот светски првак, една од најмоќните селекции во светот, а е единствена која успеа да ја победи во овие квалификации.
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев, во интервју за „Зидојче Цајтунг“ зборуваше на сензационалниот триумф (1-2) на Македонија во Дуисбург.
„За Македонија таа победа беше како да сме освоиле титула. Таа победа ќе остане запишана во историјата. Значи, ја победивме Германија, ме сфаќате што мислам. Тоа за нас беше рамно на чудо. И не само за нас. Тоа е тим кој секогаш е меѓу кандидатите за светската титула. Не знам точно колку време Германија беше непоразена дома, играше со големи репрезентации, а потоа дојде Македонија – и победи“, вели Горан Пандев.
Тој беше стрелец на првиот гол, а Елиф Елмас ја донесе победата. Пандев се присети на историскиот триумф.
„Мислам дека Германците си помислија дека лесно ќе нѐ победат, но како што одминуваше времето беа се понервозни на теренот. Тоа што се случи на Германија ѝ со нас, на Македонија и се случи кога загубивме против Андора. Но, нели тоа е убавината на фудбалот. Во денешниот фудбал, „малите селекции“ многу напредуваа, во секој тим има по некој квалитетен фудбалер, а напраедуваа физички, технички, тактички…Погледнете ја Македонија, има одлични играчи кои играат во големи клубови. Елиф Елмас игра во Наполи, Стефан Ристовски и Аријан Адеми се во Динамо Загреб“, истакнува Пандев.
Поранешниот капитен смета дека Македонија со пристапот премногу се става во улога на аутсајдер пред вечерашниот меч.
„Атмосферата ќе биде жешка, стадионот е распродаден, а македонската јавност верува дека можеме да бидеме втори во групата. Но, понекогаш добивам впеќаток дека луѓето во Македонија повеќе веруваат дека националниот тим може до второто место од самиот селектор. Тој вели дека го подготвува тимот за следниот циклус за ЕВРО 2024. Мислам дека тоа е грешка, имаме голема шанса. Победата во Германија беше вредна најмалку шест бода за нас и тоа мораше да го искористиме“, потенцира Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе
