
Напаѓачот на Баерн Минхен Томас Милер не беше дел од составот кој го доживеа непријатното изненадување дома, кога репрезентацијата на Македонија ја изненади Германија со резултат од 2-1 во Дуизбург. Тој натпревар се одигра на 31 март, а тогашни предводници на двете екипи беа Јоаким Лев и Игор Ангеловски.
Откако на селекторското сполче на Германците седна Ханси Флик, Томас Милер се врати потворно во составот. Токму тој беше стрелец на победничкиот гол против Романија во петокот.
„Јас навистина уживам на теренот. Против Македонија во март бев само гледач, сега повторно сум дел од селекцијата и навистина уживав. Би било убаво да го завериме пласманот, селекторот јасно ја стави таа цел како приоритет и ние сакаме да ја оствариме што е можно побргу. А, и самите ние си ја поставивме целта како фудбалери“, изјави Милер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski