
Англиски “Гардијан” ја објави овогодинешната листа на според нив, 60-те најталентирани млади фудбалери во светот. Од 2014 година до денес, британскиот медиум објавува листа наречена “Следна генерација”, во која 60 млади играчи во светскиот фудбал се издвојуваат по своите изненадувачки перформанси за нивните клубови и репрезентации. Некои од нив дури добиваат минути со првиот тим, но главната цел на списокот е да се препознаат идните големи ѕвезди на фудбалот.
Листата ја составуваат голем број на новинари и фудбалски аналитичари, кои постојано ги следат големите фудбалски лиги не само во Европа, туку и низ целиот свет. Иако секој вид список може да биде субјективен по природа, вистина е дека многу од играчите кои се појавиле на овие листи во минатото денес се дел од фудбалската елита.
Само неколку од нив се: Усман Дембеле, Лука Јовиќ, Дајот Упамекано, Мануел Локатели, Кристијан Пулишиќ, Федерико Валверде, Каи Хаверц, Џanанлуиџи Донарума, Матијас де Лихт, Џејдон Санчо, Ерлинг Халанд, како и многу други. Интересно, оваа година, она што се истакна е вклучувањето на 16-годишниот напаѓач на Шкендија, Дашмир Елези.

„Тој го носи дресот со број девет, но е посоодветен за крилните позиции – бидејќи може да игра речиси подеднакво добро со двете нозе. Брз, агилен, интелигентен кога е далеку од топката и привлечен за гледање, тој исто така поседува одлична техника и изгледа особено смртоносно во напаѓачката транзиција кога трча од длабочина или „сече“ внатре од широко.
“Дебитираше за сениорскиот тим на Шкендија на возраст од 16 години и еден ден и веднаш се запиша во листата на стрелци. Оттогаш одигра 30 натпревари за својот клуб и постигна седум гола, иако има уште огромен простор за подобрување“, се вели во описот на „Гардијан“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
