Реал Мадрид, наводно, ќе го стави Марко Асенсио на продажба. Шпанскиот репрезентативец има договор со “кралскиот клуб” до 2023 година, а Реал мора да избере дали ќе го обнови неговиот договор или пак ќе го продаде, за да не го загуби како слободен играч.
Се шпекулира дека Ливерпул ја „одмерува“ можноста да го ангажира играчот од средниот ред. Шпанскиот весник “Еј-Би-Си” тврди дека 25-годишниот фудбалер се смета за вишок во Реал Мадрид, што само довело до расипување на односите помеѓу фудбалерот и тренерот, Карло Анчелоти.
Асенсио беше неискористена замена во неодамнешниот шокантен пораз на Реал во Лигата на шампионите од Шериф. Тоа што тој не заигра, донекаде беше изненадување и за навивачите на клубот и за самиот играч со оглед на тоа што постигна хет-трик само шест дена претходно против Мајорка.
За услугите на фудбалерот од средниот ред се заинтересирани и двата италијански клубови, Јувентус и Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal