Шкупи ја оствари шестата првенствена победа совладувајќи го Работнички со 2-0 во последниот меч од деветтото коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Гоце Седлоски сега е осамен на врвот на табелата со 20 бода, два повеќе од Ренова. Работнички остана на четвртата позиција со 15 бода.
Шкупи мотивирано го почна натпреварот и поведе уште во десеттата минута. Сандеј Адетунџи беше посилен во дуелот со Андреј Кировски, го наттрча дефанзивецот на Работнички по проигрувањето од Фреди Алварез и успеа да го совлада Ристе Јанков.
На почетокот на вториот дел, Работнички имаше шанса за израмнување, но шутот на Александар Ристевски со глава по корнерот од десната страна заврши над голот.
Следеа акции и на Марјан Ристовски и на Дејан Тантуровски, но без завршница, а Кристијан Трапановски покажа како тоа треба да се направи во 75.минута. Хамиди продре крај Аломеровиќ по десната страна, врати во средината, а Трапановски со силен удар ја затресе мрежата.
Две минути подоцна Ламин Дарбо со удар со глава ја погоди гредата од голот на Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal