Connect with us

Шкупи сака да се врати на врвот, Работнички да одолее на Чаир

Шкупи сака да се врати на врвот, а и Работнички со триумф на Чаир би можел да се вмеша во трката за самиот врв. Ќе биде тоа надмудрување на двајцата поранешни соработници, Гоце Седлоски, кој сега го предводи Вардар, и Александар Влахо кој е тренер на Работнички. Многу добро се познаваат, ќе мора да пронајдат начин како да спроведат изненадување за денешниот ривал.


Кире Маркоски во минатото го носеше дресот на Работнички, а сега е адут на Шкупи. Тој верува во успех на тимот од Чаир, иако знае дека ќе биде ова тежок и неизвесен дерби дуел.

„Ќе биде тежок натпревар. Во последните натпревари тие постигнаа добри резултати и имаат квалитетен состав. Ние сме фокусирани и мотивирани да оствариме уште една победа. Верувам дека ќе ја постигнеме нашата цел и очекувам поддршка од нашите навивачи на домашен терен“, изјави Кире Маркоски.

Работнички оваа сезона игра одлично, покажа дека може да оствари триумф и на гости и сигурно таква ќе биде мисија на Александар Влахо. Тој има апсолутно голем респект за составот на Шкупи.

„Шкупи е одличен тим, секако се фаворити со оглед дека играат на домашен терен, а ние сакаме да се претставиме во добро издание“, изјави Александар Влахо, стратегот на Работнички.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 9. КОЛO

Чаир: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (денеска, 15 ч.)

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 3-0

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 1-1

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 1-0

СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ 0-0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови