
Брегалница во минатото коло оствари успех над Тиквеш, а штипјани сакаат низата да продолжи и на денeшното гостување против Ренова во Тетово. Крилниот офанзивец Дарко Додев вели дека тимот е подготвен за максимално издание и против Ренова како би се дошло до нов позитивен резултат.
„Не чека навистина тежок натпревар затоа што Ренова оваа сезона отворено покажува дека се работи зa квалитетен тим со одлични резултати. Сигурно домаќините силно ќе атакуваат на победата, но ние носиме и наш мотив за продолжување на позитивните резултати. Одигравме квалитетен натпревар против Тиквеш и треба да продолжиме во тој стил“, вели Додев.
Струга Трим Лум мотивирана го пречекува актуелниот првак Шкендија, а Работнички очекува продолжение на позитивната низа и против Пелистер.
Тиквеш под раководство на новиот тренер Влатко Костов ќе се обиде да стигне до триумф против Македонија ЃП, Борец во Велес ќе го пречека Скопје.
Второто големо дерби се игра во Струмица од 18 часот, Академија Пандев ќе го пречека Шкупи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (15 Ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ
Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (18 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
