
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ одржа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ. На средбата присуствуваа и претставници од Институтот за јавно здравје.
Фудбалската федерација на Македонија пред претставниците на клубовите презентираше три можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020.
Клубовите ќе треба да се изјаснат за едно од трите понудени сценарија, а одлуката за првенството од Прва МФЛ ќе ја донесе Фудбалската федерација на Македонија.
Во продолжение трите можни сценарија за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ предложени од натпреварувачката комисија на ФФМ:
1. Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
2. Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
3. Прекин на првенството и Купот на Македонија.
„Како натпреварувачка комисија на ФФМ го претставивме нашиот план и трите можни сценарија за евентуално продолжување на првенството од Прва МФЛ во поинаков формат од предвидениот. Сметам дека е сосема јасно првото можно решение, со испаѓање на два тима по завршуавње на понудениот формат.Веројатно многумина ќе се запрашаат во делот од второто сценарио каде системот на натпреварување исто така содржи плеј-оф и плеј-аут фаза, но без испаѓање. Тоа го правиме од причина што во Куп натпреварувањето имаме екипи кои би можеле да се најдат во делот од плеј-аут фазата и заради одржување на натпреварувачки ритам би одиграле само три натпревари наместо предвидените шест. Календарот на натпревари ќе го усогласиме во зависност од мерките кои ќе важат на ниво на држава, но секако и од одлуката на Фудбалската федерација на Македонија за конечно решение за завршување на натпреварувачката сезона“ – изјави Игор Франговски, претседател на Комисијата за натпреварување во ФФМ.
Конечната одлука околу судбината на сезоната 2019/2020 треба да биде донесена до понеделник, 25. мај, до кога и треба да се одговори на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
