Шкупи се врати на Чаир и убедливо го совлада Борец со 3-0. Матеј Цветаноски брзо го отвори резултатот, а потоа Сандеј Адетунџи двапати ја погоди мрежата на гостите.
Тренерот Гоце Седлоски е задоволен од играта, особено на стартот на натпреварот, но сега веднаш се фокусира на претстојниот куп – натпревар.
„Во првото полувреме игравме на начинот како што сакам да игра Шкупи. Во првите 10 минути од второто полувреме не бев задоволен од нашата игра. Тимот на Борец имаше неколку добри шанси за гол, но и ние имавме две или три стопроцентни шанси, кои моравме да ги реализираме. Им благодарам на нашите фанови за одличната атмосфера. Сега се подготвуваме за следниот натпревар во Купот на Македонија и очекувам моите играчи да го дадат најдоброто од себе“, изјави Гоце Седлоски, по победата против Борец.
Шкупи по седум одиграни кола се наоѓа на врвот на табелата со 14 освоени бода.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












