Актуелниот шампион Шкендија успеа да слави на гости во Автокоманда против Скопје, со головите на Валмир Нафиу и на Јан Кривак. Тренерот Бруно Акраповиќ вели дека триумфот е апсолутно заслужен.
„Момците заслужено го победија натпреварот против Скопје, доминиравме во текот на сите 90 минути. Дадовме два гола, можевме и повеќе со оглед на шансите, а ова треба уште повеќе да ја зголеми самодовербата кај момците. Противникот играше на долги топки и не направи речиси ништо, а дефанзивата кај нас функционираше одлично“, изјави тренерот Бруно Акраповиќ.
Шкендија во следното коло му гостува на тимот на Струга Трим Лум.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












