
Словенечкиот фудбалски прволигаш Олимпија Љубљана покажува сериозен интерес во текот на летово да го доведе Александар Васоски за нов тренер. Актуелниот сопственик на клубот, Милан Мандарич, најавува дека на крајот од сезонава ќе ја продаде Олимпија, а најсериозeн интерес засега покажува група компании од Германија. Токму нивна е желбата за нов кормилар да биде донесен Васоски, како предводник на новиот проект по одличните успеси што ги имаше на чело на Вардар.
Младиот стручњак заврши извонредна работа на клупата на „црвено-црните“, успевајќи да создаде огромна предност во трката за титулата пред Силекс и Шкендија. Потоа дојде одлуката за прекин на шамионатот поради повторниот налет на пандемијата на коронавирусот. Вардар е во неизвесна финансиска ситуација, Сергеј Самсоненко одлучи да го врати клубот, но има огромни долгови кон фудбалерите и стручниот штаб, што би била само причина повеќе за Васоски да го прифати предизвикот за преселба во Словенија.
Олимпија Љубљана е исто така лидер во словенечкиот шампионат. После 26 кола, „змајчеки“ се првопласирани на табелата и имаат пет бода пред Целје и седум пред Марибор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот
