
Промовирајќи ги досега единствените три засилувања за новата сезона, Стојан Стојчевски, Марио Станковски и Марјан Ристовски, велешки Борец денеска ги стартуваше летните подготовки.
Шефот на стручниот штаб, Горазд Михаилов пред почетокот на подготовките нагласи дека Борец ќе го зачува костурот на тимот а покрај актуелните засилувања планирани се уште две нови имиња. Крилниот офанзивец Марјан Ристовски доаѓа од редовите на Тиквеш, додека дефанзивецот Стојчевски изминатава сезона настапуваше за штипска Брегалница.
Од клубот, пак, заминаа српскиот интернационалец Стефан Лазаревиќ, како и Мартин Блажевски, Трајче Стојковски и Емил Абаз. Првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Велес, а потоа е планирано заминување на финални подготовки во Охрид или Дојран.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Милан ќе го откупи Кајл Вокер

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид

Млади репрезентации
Македонија У18 поразена од Словачка на вториот тест

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид
