Зад Висар Муслиу се две европски првенства. Беше дел од сениорскиот самит ова лето, но и во 2017 со младата селекција до 21 година, кога предводник беше Благоја Милевски. Сега тој ја презеде палката на А-тимот, а Муслиу вели дека нема да има никаков проблем сите брзо да се прилагодат на новиот селектор.
„Среќен сум што сум дел од А-репрезентацијата и по Европското првенство. Сега имаме нов селектор, но најголемиот дел од нас добро се познаваме уште од У-21. Мислам дека брзо ќе бидеме во полн ритам. Не очекува првиот натпревар со Ерменија, селекција со која често игравме во изминатиот период, ги знаеме нивните добри и лоши страни, ќе видиме што ќе ни укаже и селекторот и се надеваме на успех“, изјави Висар Муслиу.
Македонската фудбалска репрезентација денеска на компкексот „Петар Милошевски“ во ФФМ го одржа првиот тренинг на кој не беа присутни единствено Елиф Елмас и Адис Јаховиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski