Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го има првиот собир во пресрет на квалификациските натпревари за СП 2022 на почетокот на септември. Новиот селектор Благоја Милевски е оптимист и верува во добри игри.
„Започнуваме нов репрезентативен предизвик и се радувам на собирот и деновите кои ни следуваат. Подготовките се кратки и мора да ги искористиме максимално. Ја знаеме нашата цел, знаеме со што располагаме и одиме да го потврдиме квалитетот. Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни“, вели Милевски.
Тој се обидува да го тргне притисокот од фудбалерите преземајќи го на себе.
„Јас сум селектор и притисокот е врз мене. Фудбалерите мора да продолжат да веруваат во себе и во својот квалитет. Нашата заедничка цел е борба до крај во тековните квалификации, создавање група во која тимот, а не индивидуалците, ќе биде најбитен и крајно да направиме се за да бидеме конкурентни за настап на следното Европско првенство. Резултатот е секогаш важен. Затоа во пресрет на подготовките за натпреварот со Ерменија велам дека сакаме победа бидејќи тој резултат ќе ни донесе дополнителна самодоверба. Сите го сакаме најдоброто и ќе се обидеме така и да изгледаме да натпреварите кои ни следуваат“, истакнува селекторот на националниот тим.
Македонија е подготвена да се справи со новиот предизвик, по откажувањето на дел од репрезентатовците кои ставија крај на настапите во националниот тим, меѓу нив и најголемиот фудбалер на овие простори, Горан Пандев.
„Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои сеуште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери. Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа”, дополнува Милевски.
Македонија ќе одигра три натпревари. На 2. септември ја пречекуваме Ерменија, на 5. септември гостуваме во Исланд, а на 9. септември на домашен терен ќе играме против Романија.
Собирот на репрезентацијата е закажан вечерва во 20 часот во хотел “Хилтон” во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski