Италијанскиот калчолигаш Јувентус се подготвува за „животот после Роналдо“. Португалската ѕвезда по три години ќе го напушти Торино и ќе потпише за Манчестер Сити. Ќе се врати во Премиер – лигата, но во синиот дел на Манчестер што секако ги прави гневни фановите на Јунајтед.

Јувентус веќе тргна во офанзива по напаѓачот што ќе го замени Кристијано Роналдо во тимот на Масимилијано Алегри. „Старата дама“ разгледува неколку опции, но најреални се две. Да го доведе Мауро Икарди од Пари Сен Жермен или пак да го врати назад Моисе Кин, кој како млад фудбалер настапуваше во дресот на Јуве.
Јувентус ја разгледува можноста и за ангажман на Џанлука Скамака и Џакомо Распадори, но јасно е дека Алегри сака проверено име кое веднаш ќе може да се вклопи во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













