Connect with us

„Јаховиќ е искусен и ќе ни помогне, немаме друг играч како Трајковски“

Фудбалската репрезентација на Македонија, реновирана, проширена и надградена, тргнува под раководство на селекторот Благоја Милевски. Ги нема веќе Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велкоски кои ставија крај на репрезентативната кариера, Милевски не го повика Егзон Бејтулаи, а повратници се Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Дени Илиев и Никола Ѓорѓев.


„Враќањето на Јаховиќ е со оглед на искуството, тој во моментов може да ни помогне во оваа транзиција што ја имаше во репрезентацијата после откажувањето на Горан Пандев, Иван Тричковски и на Крсте Велкоски. Што се однесува до Александар Трајковски, зборував со него и ми кажа дека е во одлична физичка форма, а тој има искуство во настапите во националниот тим, иако во моментот не е стандарден во Мајорка. Мислам дека немаме друг играч како Александар Трајковски во овој момент, а секако стојам зад тоа дека фудбалерите мора да бидат стандардни во клубовите за да играат и во репрезентацијата. Сега се наоѓаме во некоја транзиција и делумно подмладување и сигурен сум дека момците ќе дадат сѐ од себе“, изјави Милевски.

Првиот собир на националниот тим ќе биде на 29.август, а тренинзите почнуваат ден подоцна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови