
Средниот ред на фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабен на трите квалификациски натпревари за СП 2022 што ќе се играат во септември. Аријан Адеми, иако е на списокот, поради повредата нема да може да се приклучи, а Бобан Николов е позитивен на Ковид-19.
„Бобан Николов е позитивен на Ковид-19, ќе го чекаме следниот тест, ако биде негативен – ќе ни се приклучи. За Адеми, решивме во разговор со фудбалерот и со Динамо Загреб, дека во моментов најважно е неговото здравје. На Адеми нема да можам да сметам за овоие натпревари во септември. Најважно е добро да се подготви за да ни биде на располагање понатаму“, објасни селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
