
На фудбалските натпревари во Македонија ќе биде дозволено присуство на 50% публика, но само за вакцинирани гледачи или лица кои прележале Ковид-19 во претходните 45 дена.
Владата на денешната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на ковид-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика на отворено.
Новите мерки дозволуваат публика до 50% од капацитетот на стадионите, со почитување на протоколите и мерките за заштита. Претходната одлука гласеше дека на трибините може да има 30% публика од вкупниот капацитет. Таа останува во сила за настаните на затворено.
Оваа нова мерка доаѓа во вистинско време, во пресрет на квалификациските натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија за СП во Катар.
Ова исто така ќе може да се применува и на натпреварите од Првата лига, а од утре стартуваат и натпреварите во ВМФЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
