
Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, не е подготвен за да го стартува утрешниот ревенш меч од плејофот за пласман во групите од ЛШ против Шериф Тираспол. Ова го откри тренерот Дамир Крзнар на денешната прес – конференција, во пресрет на натпреварот.
„Јакиќ почувствува болка во скочиот зглоб и не тренираше. Тој ќе биде на клупата, исто како и Адеми кој не е подготвен за да биде стартер. Ќе чекаат можност да влезат во текот на мечот ако биде потребно. Без разлика на потешкотиите со кои се соочуваме, верувам дека овој тим на Динамо Загреб има сила, квалитет и храброст да се пласира во ЛШ. Во фудбалот нема невозможни работи и ако ние можевме таму да загубиме со 3-0, можеме на „Максимир“ и да го победиме Шериф со истиот резултат“, изјави тренерот Дамир Крзнар.
Новиот селектор на А-тимот на Македонија, Благоја Милевски утре напладне официјално ќе го соопшти списокот на фудбалери за мечевите од квалификациите за СП против Ерменија, Исланд и против Романија. Најави дека ќе го чека Адеми до последен момент, но очигледно дека неговата повреда сериозно долго го оддели од теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
