Новиот предводник на А селекцијата на Македонија, Благоја Милевски заедно со техничкиот директор на федерацијата, Зоран Стратев, како и раководителот на сите селекции, Никола Зердески одржаа работен состанок во просториите на „Куќата на фудбалот”. На средбата се разговараше за неколку актуелни теми, со цел поуспешни резултати на сите наши национални тимови.
„Разговаравме околу принципите на селектирање, системите на игра со кој ќе се обучуваат фудбалерите, како и самиот профил на репрезентативците, односно кои индивидуални карактеристики треба да ги поседуваат за да бидат членови на репрезентацијата, без оглед на тоа за која возрасна група имаат право да настапуваат”, изјави новиот предводник на нашата најсилна селекција, Благоја Милевски.
Најголем акцент беше ставен на меѓусебната координација на сите селекциите, односно тоа дека сите наши репрезентации ќе почнат со имплементација на играње со иста формација, се со цел полесно вклопување на играчите во секоја наредна фаза во селекцијата, за крај и успешна афирмација на самите фудбалери во А селекцијата. Очекувањата се оптимистични, а сето тоа е добра најава за нови, поголеми успеси на сите наши национални тимови.
„Се одржа работен состанок помеѓу тренерите на националните селекции кој беше инициран од селекторот Благоја Милевски. На самиот состанок се дискутираше за фудбалски теми. Дискусијата главно беше сведена на поставувањето на критериуми при одредување на репрезентативци, а целта е создавање на профил на играчи кој ќе одговори на потребите на репрезентацијата. Самиот селектор сугерираше дека е потребно сите селекции да се базираат на играње со иста формација, и врз основа на тоа да се создадат профили на играчи кои ќе одговараат на најсоодветната формација за остварување на национални успеси”, изјави техничкиот директор на ФФМ, Зоран Стратев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













