
Македонскиот прволигаш Тиквеш испрати реакција на судењето на вчерашниот натпревар против Академија Пандев. Интересно, веќе втор клуб се жали на судење, а е оштетен на меч против „пандевци“.
„ГФК Тиквеш 1930 не барајќи алиби за вчерашниот пораз од ФК Академија Пандев на кого искрено им честитаме за победата сепак е приморан јавно да реагира за квалитетот на судењето во текот на натпреварот кој во одреден случај директно влијаеше на резултатот и исходот од натпреварот.
Имено во неколку наврати во текот на првото полувреме одредени судиски одлуки беа донесени на штета на ГФК Тиквеш 1930 , пред се реагираме на неколку ситуации кога нашата екипа беше во изгледа шанса за гол, а беше досуден непостоечки офсајд.
Погрешните судиски одлуки на штета на ГФК Тиквеш кои директно имаа влијание на резултатот од натпреварот продолжија и во второто полувреме конкретно при постигнување на вториот гол кога требаше да биде досудена недозволена позиција од страна на противничкиот играч (офсајд ) и голот да не биде признат.
Повторно би сакале да напоменеме дека не бараме алиби за вчерашниот пораз и искрено им честитаме на ФК Академија Пандев за победата, но со оваа наша реакција се надеваме дека во иднина ваквите судиски одлуки кои се на штета на ГФК Тиквеш нема да се повторуваат“, се вели во соопштението на ГФК Тиквеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
