
Брегалница ремизираше (3-3) со актуелниот шампион Шкендија во возбудлив натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига, а најзаслужен за тоа е Владимир Дујовски кој во финишот со прекрасен гол го спаси штипскиот тим од пораз, за конечни 3-3.
Кога се чинеше дека Шкендија ќе отпатува со бодовите, на крајот пресуди проектилот на Дујовски за 3-3. За погодокот кој го одбележа колото во македонскиот фудбал, вели:
„Едноставно помислив интуитивно дека можам да шутнам и да погодам. Целта ми беше шутот да биде што посилен, и на крајот го постигнав најубавиот погодок во мојата фудбалска кариера, и тоа така значаен на еден ваков натпревар против шампионот. Во секој случај, среќен сум што правдата на крајот беше задоволена. Затоа што не заслуживме да загубиме“ – истакнува Дујовски.
Тој смета дека Брегалница според играта заслужи и повеќе од реми.
„Ако се погледне целиот натпревар и се анализира мислам дека можевме и до трите бода на овој дуел. Постојано имавме контрола на играта и резултатот против големиот фаворит се до финишот од средбата. Но, на крајот ете мораше и да извлекуваме бод“ – вели Дујовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
