Работнички го засили нападот со двајца интернационалци од Гамбија. Ебрима Баџие (22) и Ламин Дарбо (18) се нови фудбалери на нашиот тим.
Ебрима Баџие може да настапува како офанзивен играч за врска и како крилен напаѓач, а доаѓа од тимот на Брикама Јунајтед од Гамбија.

„Среќен сум што добив шанса да настапувам за Работнички. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари целите во новата сезона“, вели Ебрима Баџие.
Ламин Дарбо е централен напаѓач и исто така има настапувано во првенството на Гамбија. Тој е помлад брат на Дембо Дарбо, кој во минатото настапуваше за Шкупи.

„Запознат сум квалитетот на првенството во Македонија и за мене тоа е голем предизвик. Ќе се потрудам да ја оправдам довербата“, изјави Ламин Дарбо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













