Македонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на арената „Тодор Проески“ треба да одигра многу подобро од досегашните натпревари ако сака да ја елиминира Рига. Летонскиот тим има предност од два гола (0-2), а тренерот Ернест Ѓока верува дека тоа може да се надомести.
„Верувам во момците, го знам нивниот квалитет, Шкендија има победнички карактер и знам дека тоа ќе го покаже на утрешниот реванш натпревар против Рига. Јасно е дека недостигаше ефикасност на претходните натпревари иако во најголемиот тек од дуелите ние игравме квалитетен фудбал. Но, погодоците е она што се брои во фудбалот и утре ќе мора да функционираме на таков начин“, изјави Ѓока.
Шкендија утревечер од 20 часот ќе ја пречека Рига на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а мечот ќе го суди Фабио Мареска од Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













