
Италијанскиот калчолигаш Милан се обидува дополнително да го засили навалниот ред. Раководството на „росонерите“ сака да стигне до потписот на крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џулијан Брант. Директорот Паоло Малдини на „милионерите“ им понудил 5 милиони евра за едногодишна позајмица, со опција за откуп на договорот следното лето за 22 милиони евра.
Борусија Дортмунд се уште размислува дали да се согласи на ваква зделка, со оглед дека ова лето го продаде и Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед и офанзивната моќ на тимот би била значително намалена.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement