Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, продолжува да реди успеси со „црвено-жолтите“, а признанијата за неговата работа не престануваат да пристигнуваат. Најновото му беше врачено денеска од општина Ѓорче Петров.
„Со голема чест и гордост, градоначалникот Александар Стојкоски му го додели признанието на селекторот Милевски, како симбол на благодарност и признание за неговата посветеност, придонес и промоција на нашата општина,“ стои во официјалната објава.
Во соопштението дополнително се нагласува дека благодарение на неговата работа, Ѓорче Петров и Македонија се препознаваат по спортски успеси и упорност.
Милевски, пак, останува целосно насочен кон она што претстои – клучните квалификациски натпревари во октомври против Казахстан и Белгија, кои може да бидат пресудни во трката за врвот на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













