
Убедливиот пораз од Санта Клара нема да ги поколеба плановите на македонскиот вицепрвак Шкупи. Тимот од Чаир има јасна стратегија да биде најдобар во македонскиот шампионат во новата сезона од Првата лига. Токму затоа го ангажира и македонскиот репрезентативец Марјан Радески кој потпиша двегодишен договор.
Крилниот напаѓач, 26-годишниот Радески, минатата сезона беше дел од тимот на Академија Пандев, а со репрезентацијата на Македонија беше учесник на Европското првенство. Македонија за ЕУРО 2020.

„Голема чест и огромно задоволство е да играм за тим како Шкупи. Секој играч би сакал да биде дел од амбициозен клуб, а Шкупи секоја сезона се бори за највисок пласман и атакува на шампионската титула. Дојдов тука за да им помогнам на соиграчите и заедно ќе се бориме за првото место“, изјави Марјан Радески, за официјалната веб-страница на Шкупи.
Марјан Радески потпиша двегодишен договор и му се приклучува на тимот тимот кој ќе отпатува за Португалија, каде в четврток ќе го игра реванш натпреварот од второто коло во Конференциската лига на УЕФА против Санта Клара.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Арсенал го купува Лиам Делап за 35 милиони евра
