
Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски е задоволен од реализираните подготовки на Златибор, сега во очекување на финалната подготвителна фаза пред стартот на сезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Сините“ на Златибор одиграа четири пријателски натпревари притоа победувајќи ги црногорските прволигаши Морнар (2-0) и Искра Даниловград (2-1), како и српскиот прволигаш Бачка Паланка (2-1), а ремизирајќи со Графичар (2-2).
„Кога се ќе се сумира може да бидеме задоволни од подготовките на Златибор кои во голема мера ни ја дадоа сликата околу изгледот на тимот за престојната сезона. Може да им честитам на фудбалерите за максималната посветеност на подготовките. Имавме одлични услови за работа на Златибор. За десет дена одигравме и четири пријателски натпревари со три победи и едно реми, а низ активен ритам шанса добија буквално сите фудбалери“ – вели Секуловски.
Пред Брегалница сега остануваат уште последните два пријателски натпревари пред стартот на прволигашката сезона. На 28. јули против Тиквеш и генералката против Силекс на 1. август, на кои треба да се корегираат до крај и сите утврдени недостатоци во играта.
„Јасно е дека низ последните тест дуели ќе се корегираат и сите лоши моменти кои сосема очекувано се појавуваат низ подготвителниот период. Факт е дека минуваме низ успешен подготвителен циклус, и верувам дека сосема подготвени ќе го дочекаме враќањето на прволигашката сцена“ – истакнува Секуловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
