
Македонскиот првак Шкендија никогаш не бил понемоќен на европска сцена. Три натпревари – три порази, и гол – разлика 0-8. Шкендија доживеа вистински бродолом во квалификациите на Лигата на шампионите, беше декласирана од словенечкиот шампион Мура во два меча со вкупни 0-6, а состојбата не се подобри ниту на гостувањето во Летонија против Рига.
Нападот нема постигнато гол, одбраната и тоа како лесно ги прима. Многу работи не се како што треба да изгледаат, а за тоа најповикан е тренерот Ернест Ѓока. Тој ќе оди на рапорт кај раководството, да објасни што се случува со тимот.
Во спротивно, јасна е фудбалската шок – терапија. Заминува тренерот, доаѓа нов.
Шкендија во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, сепак, има можност за поправен испит. В четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе треба да надомести два гола негатива (0-2) од првиот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
