
Македонскиот првак Шкендија се посрамоти против Мура во квалификациите на Лигата на шампионите, па сега скалило подолу, во Конференциската лига на УЕФА, ќе се обиде да го обели образот.
Оние шест гола се уште можеби ѕујат во ушите на ирачите на Шкендија, но тие се убедени дека можат да одиграат на потребното ниво.
Капитенот Арменд Алими вели дека Шкендија мора да одигра многу подобро на денешниот меч.
„Знаеме дека не очекува еден тежок натпревар против Рига. Тие се шампиони на својата земја и знаеме дека имаат квалитетен тим. Мора да бидеме мудри и добро да ја завршиме работата на овој прв меч. Реваншот во Скопје е многу важен, но прво тука треба да се претставиме во добро издание и да обезбедиме поволен резултат за нас“, вели Алими.
Натпреварот меѓу Рига и Шкендија се игра вечерва со почеток од 19 часот на стадионот на Сконто во Рига. Македонскиот европретставник нема да може да смета на Бруно Дита, Јан Кривак и Леард Садриу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
