
Македонскиот првак Шкендија во втор обид на европска сцена, овојпат во Конференциската лига на УЕФА. По елиминацијата од Мура во ЛШ, тимот на Ернест Ѓока се префрлува во новото европско натпреварување, а денеска (19 часот) и гостува на Рига. Не е тоа наивен ривал, го покажа тоа и рамноправниот дуел со Малме исто така во ЛШ.
„Рига е шампион на Летонија и заслужува максимален респект. Тоа е компактен тим кој негува офанзивен фудбал и според информациите има големи амбиции во ова натпреварување исто како и ние. Добро ги анализиравме, го знаеме секој детал од нивната игра и ако одиграме во наш препознатлив стил, можеме да забележиме позитивен резултат“, вели Ернест Ѓока.
Вели дека нема да се повтори слабото издание од мечот против Мура во Словенија.
„Тоа е зад нас, ги анализиравме грешките и се надевам дека нема да ги повториме. Јасно е дека двомечот со Рига ќе се решава во Скопје, но и овде треба да бидеме на високо ниво и да забележиме добар резултат“, изјави тренерот на Шкендија.
Мечот е закажан за 19 часот на стадионот на Сконто во Рига, а ќе го суди Ондреј Печанец од Чешка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
