
По едногодишна пауза поради Ковид-пандемијата, оваа година повторно се враќа еден од најпрепознатливите меморијални турнири во мал фудбал во Македонија, „Оливер Соколов – Сокол“, со своето 18-то издание.
Подготовките за турнирот се веќе започнати, а пријавувањето на екипи официјално ќе започне на 1. август, и ќе трае до 28. август. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30. август, а стартот на турнирот е закажан како и секогаш традиционално на 1. септември со почеток во 20 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.
„Турнирот ќе биде отворен со ревијален натпревар меѓу футсал репрезентацијата на Македонија и репрезентација од поранешните ју-простори која засега не сакаме да се открива. Бројот на екипи е ограничен на 48 екипи. Сите информации и детали за настап и пријавување на екипа ќе бидат објавени на нашиот сајт во делот „ПРИЈАВУВАЊЕ“ најдоцна до 30. јули“ – информираат организаторите на турнирот.
Сите детални информации за традиционалниот меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ може да ги најдете на официјалната интернет страница: www.sokolturnir.mk

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
