
Македонскиот прволигаш Работнички доведе нов фудбалер од Белорусија. Александр Позњак потпиша треба да претставува засилување за одбранбената линија на „романтичарите“.
Позњак (26) е искусен дефанзивец кој игра на стоперската позиција, но одлично се снаоѓа и како лев страничен играч. Доаѓа од белорускиот прволигаш Динамо Брест, а во кариерата настапувал и за Шахтјор Солигорск, Немам Гродно, Городеја. Тој е поранешен младински репрезентативец на Белорусија, а има еден настап и за сениорскиот национален тим.

„Веруваме дека Александр Позњак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот, денеска имаше индивудуален тренинг, а веќе од утре ќе биде на располагање на тренерот Александар Влахо“, вели спортскиот директор, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.
Работнички трет ден се наоѓа на подготовки во Охрид, а в среда ќе одигра пријателски натпревар против Ренова на кој се очекува да дебитира и новото засилување од Белорусија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
