Ренова го победи Тиквеш со 1-0 на пријателскиот натпревар на „Билјанини извори“ во Охрид. Уште на самиот почеток од натпреварот, во втората минута, тимот на Ќатип Османи дојде во водство, а стрелец беше Ремзифаик Селмани.
Тој најдобро се снајде по нафрлувањето во шеснаесетникот, топката беше вратена до Селмани, кој од десетина метри го совлада Дарко Тофилоски.

Тиквеш имаше шанса за израмнување во 27.минута преку Симеон Христов, но напаѓачот од изгледна позиција шутираше над гредата. Неколку минути подоцна со удар со глава го погоди и дирекот од голот на Ренова.

Во второто полувреме, Ќатип Османи и Пане Блажевски направија неколку замени, но остана резултатот од втората минута за минималан триумф на Ренова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













