
Аргентина синоќа на „Маракана“ го победи Бразил со 1-0 во финалето на Копа Америка со голот на Анхел Ди Марија. За Аргентинците тоа е прва титула по 1993 година и вкупно 15-та, со што се изедначи со претходниот рекордер Уругвај.
Откако загуби три финалиња на Копа Америка, Лионел Меси конечно го освои својот прв трофеј со националниот тим и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
„Да го победиме Бразил на „Маракана“ во финалето? Претпоставувам дека Бог го чуваше овој голем момент за мене. Ова е лудо, чувството е неописливо. Ова е еден од најубавите денови во мојот живот. Верував многу во овој тим. Поминавме многу време заедно, целосно освоени од семејствата, работевме напорно и покажавме голема сила. Треба да го искористиме ова и за СП во Катар. Им реков на овие момци претходно дека тие се иднината на националниот тим и тие го покажаа тоа на овој турнир. Знаев колку се добри, ова е спектакуларна група на играчи. Јас среќен сум што сум дел од овој тим. Имавме импресивни 45 дена“, изјави Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal