
Шкендија славеше со 0-3 против Беласица во Струмица, се искачи на првото место на табелата со 11 бода и во победнички ритам ќе го очекува новиот европски предизвик. Силекс загуби на гостувањето во Струга со 2-0.
Беласица имаше сили само за едно полувреме да даде отпор против силниот состав на Шкендија. На почетокот на вториот дел домашната одбрана направи огромна грешка, а Шкендија дојде до водство во 54.минута.
Зоран Митевски несреќно ја врати топката во шеснаесетникот, но до гостинскиот напаѓач Љупчо Дориев, тој шутираше, голманот Силјановски одбрани, но на гол-линијата натрча Енур Тотре и постигна водечки гол.
Во финишот Шкендија дојде до убедлива победа. Во 83.минута, Валмир Нафиу беше соборен во шеснаесетникот, беше досуден пенал, а успешен реализатор беше Бесарт Ибраими. Само три минути подоцна, Бесарт Ибраими постигна гол со прецизен удар од дваесетина метри.
Беласица во судиското продолжение не реализираше пенал преку Александар Милушев. Голманот на Шкендија, Костадин Захов, одлично интервенираше и одбрани.
Силекс наиде на мотивиран противник во Струга и на крајот домаќинот славеше со 2-0. Стружани поведоа со голот на Нијас Лена во 77.минута, а Филип Миленковски во 89.минута го постигна вториот погодок за тимот на Срѓан Захариевски. Силекс во првото полувреме постигна погодок, меѓутоа не беше признат поради сомнителна офсајд позиција.
ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-0
УТРЕ
ВАРДАР – ШКУПИ
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона
