Connect with us

Суперкласико на Копа Америка: Бразилците сметаат дека се најдобри, а Аргентинците дека се посебни

Суперкласикo на Јужна Америка, дуелот меѓу Бразил и Аргентина, тоа е финалето на Копа Америка. За многумина ова е најголемото ривалство во светот на фудбалот, кога се во прашање националните тимови.
Кога клубовите играат во Копа Либертадорес, тоа се војни, кога играат репрезентации, тогаш светот застанува. Корените на нетолеранцијата се исто така од политичка природа, ривалства на сите нивоа, различни страни во светските конфликти, но и поранешни територијални претензии кон други земји.


Бразилците веруваат дека Аргентинците се арогантни без причина, дека нивната земја е бастион на демократијата во однос на „оние од Буенос Аирес“, дека нивниот фудбал е супериорен, и на крајот на краиштата, тие петпати беа светски прваци.


Но, Аргентина има повеќе континентални титули, нејзините тимови се доминантни во Копа Либертадорес и таа разлика не е мала. Во поголемиот дел од минатиот век, аргентинското првенство беше познато како најдобро во Јужна Америка, што не е случајно. Бразил е најголем извозник на играчи во светот, но луѓето од фудбалските клубови во Европа честопати во неформален разговор ќе ви кажат дека не виделе Аргентинец кој е лош играч, затоа што тоа е најдобриот производ од Латинска Америка.


Кога Бразил прими седум гола од Германија на СП 2014, слики од радост го обиколија светот во Бразил, каде беа аргентинските навивачи, но и на улиците на Буенос Аирес. Песната за потсмев на Бразилците постои 30 години, ги вклучува Каниџа и Марадона и таа славна победа од Светското првенство на Италија во 1990 година, кога Бразил на Лазарони беше шокиран во осминафиналето, иако беше голем фаворит.


Никогаш ништо не е загарантирано на дуелите на овие две селекции. Велат, Бразилците играат подобар фудбал, но друга страна Аргентинците имаат богови во Марадона и Меси.


Во Бразил повеќе луѓе играат фудбал, имаат повеќе клубови, но филтерот е посуров во Аргентина, работите се уште се насилни, дури и притисокот врз играчите е поголем. Можеби звучи чудно, но Бразилците сепак лесно забораваат и имаат поголема надеж и верба дека фудбалот дава втора шанса, нивните ривали сè уште се во фаталистичко расположение.


Отсекогап постои и ривалството меѓу Пеле и Марадона, покојниот Аргентинец секогаш го споменуваше својот ривал како музејски трофеј и ги посочуваше заработените пари, но и дека се докажал во Европа, иако Пеле освои три светски титули со Бразил. Оваа дебата за тоа кој е подобар ќе трае се додека е светот, секој го одбележа своето време. Бразилците не ја оспоруваат вештината на Аргентинците, но тие се сметаат себеси за татковци на фудбалот, додека „гаучосите“ се цинични, тие едноставно веруваат дека Аргентина е симболот на Јужна Америка и дека единствените можат да застанат на патот на Европејците.


Нејмар од едната, а Меси од другата страна. Време е за нова приказна од фудбалската историја. Бразилците сметаат дека се најдобри, а Аргентинците дека се посебни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови