Хрватскиот гигант Хајдук Сплит стои исправен пред Ренова во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа. Секако, „билите“ се фаворити, се сложуваат и тренерот Бујар Ислами и капитенот Арџенд Гафури, но така беше и со претходниот ривал, па на крајот славеше – Ренова.
„Хајдук е фаворит. Не треба многу да се трошат зборови за тоа кој е Хајдук. Но, во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите. Ќе се обидеме да се спротивставиме со дисциплинирана игра и да стигнеме до нов голем успех. Ќе играме напаѓачки, без преголем респект“, изјави тренерот на Ренова, Бујар Ислами.
Арџенд Гафури вели дека Ренова нема да се предаде така лесно. Јасно е дека Хајдук е фаворитот.
„Нема да се предадеме лесно, ќе ја играме нашата игра, со многу борба и максимална дисциплина и ќе се трудиме максимално да не разочараме. Хајдук Сплит е голем фаворит, но ние ќе сториме се за да ги изненадиме“, изјави Гафури.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













