
Тимовите кои доаѓаат од Косово веќе неколку години не се топовско месо, таму се вложува многу во развојот на фудбалот, но, сепак, се уште не се нивото на најдобрите македонски клубови. Ова треба вечерва (20 часот) да го покаже Шкупи во дуелот против Лапи во воведното коло од Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот вицепрвак посакува триумф без примен гол и обезбедување на предност која ќе биде доволна за помирен реванш на Косово по седум дена.
Тренерот Гоце Седлоски вели дека тимот е подготвен за предизвикот и верува во своите фудбалери.
„Работиме напорно веќе еден месец и сега треба да покажеме дека сме покватетни од противникот. Го респектираме Лапи, но мислам дека сепак Шкупи ќе се прашува на овој двомеч. Со поддршка од навивачите можеме до оствариме триумф. Треба да бидеме максимално фокусирани, внимателни во одбраната, но и да покажеме дека сме поквалитетна екипа“, изјави шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски.
Мечот меѓу Шкупи и Лапи е закажан за 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski