Шкендија го совлада составот на Академија Пандев со 2-1 во Тетово и ја чува првата позиција на табелата во Првата лига со 14 бода. Бесарт Ибраими беше творец на новиот успех и стрелец на двата гола за тетовскиот тим. Првпат го совлада Алчевски со удар од 15 метри во 38.минута, а вториот гол го постигна од пенал во 74.минута. Сашко Пандев пет минути подоцна со волеј-удар го постигна единствениот гол за Академија Пандев на овој меч.
Шкупи и Ренова дадоа седум гола на Чаир, а на крајот се радуваа домашните фудбалери кои победија со 4-3. Бианор Нето во судиското продолжение беше стрелец на победничкиот погодок за Шкупи.
Голови имаше уште од самиот почеток. Дембо Дарбо погоди веднаш по судискиот свиреж за старт, уште во првата минута, а израмни Башким Велија во петтата. Јакуп Бериша во 33.минута донесе ново водство за Шкупи, но Арбер Шала израмни девет минути подоцна. Артан Велиу во 65.минута се погрижи за пресврт, но Фатјон Јусуфи во 73.минута повторно израмни. „Гипсарите“ од 77.минута играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Џелил Абдула.
Борец го изненади Силекс во Кратово и славеше со 1-2. Христијан Грозданоски донесе предност за кратовци во 21.минута, а Борец израмни преку Оливер Стоименовски во 63.минута од натпреварот. Ѓорѓи Ѓорѓиев во 90.минута донесе триумф за велешани.
Ништо ново од Беласица, нов пораз овојпат Пелистер славеше во Струмица со 0-2. Алдаир Нето во десеттата минута и Љавдрим Фазлиу во 60.минута беа стрелци за битолскиот тим.
ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1
СИЛЕКС – БОРЕЦ 1-2
ШКУПИ – РЕНОВА 4-3
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР 0-2
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 2-1
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1
Табела: Шкендија 14, Шкупи 13, Борец 11, Силекс 10, Македонија ЃП 10, Работнички 9, Пелистер 9, Струга ТЛ 8, Вардар 7, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













