Воска Спорт е најголемото изненадување на трансфер пазарот во Македонија. Дебитантот во Втората лига Запад, тимот на Воска Спорт, го собра „кајмакот“ во второлигашката конкуренција, па дури и неколку прволигашки имиња. По вчерашниот ангажман на Наум Вељаноски и голманот Горан Трајковски, серијата продолжува со Јасир Селмани.
Поранешниот играч за врска на Ренова, кој последно го носеше дресот на Гостивар, се пресели во редовите на Воска Спорт. Очигледно дека бизнисменот Нефи Усеини плаќа солидно со оглед дека експресно направи тим за високи дострели, предводен од Изаир Емини, поранешниот напаѓач на Шкендија.
Тимот на Воска Спорт ќе го предводи тренерот Раде Цицмиловиќ.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












