Шкупи денеска (15.30 часот) ја очекува гостување кај Слога, но во Виница. Ова е дуел од 1/16 – финалето на Купот на Македонија. Работнички ќе гостува кај Велазерими, а Ренова има дуел на гости Охрид.
Дел од прволигашите ќе имаат можност да бидат и домаќини. Силекс ќе го пречека Тетекс, во Ѓорче Петров ќе играат Македонија ЃП и Победа, а Пелистер ќе се сретне со Љуботен.
Вчера, Вардар по пенали се избори за пласман во осминафиналето од ова натпреварување елиминирајќи го Вардар Форино.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ (денеска, 15:30 ч.)
Охрид: ОХРИД – РЕНОВА
Кратово: СИЛЕКС – ТЕТЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА
Битола: ПЕЛИСТЕР – ЉУБОТЕН
Македонска каменица: КАМЕНИЦА САСА – БОРЕЦ
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
Кичево: ВЕЛАЗЕРИМИ – РАБОТНИЧКИ
Велешта: ВЕЛЕШТА – КОЖУФ
Виница: СЛОГА – ШКУПИ
Росоман: РОСОМАН – БЕЛАСИЦА
Штип: КИТ ГО – СКОПЈЕ (18 ч.)
ВЧЕРА
Гостивар: ВАРДАР ФОРИНО – ВАРДАР 2-2 (по пенали 8-9)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski