Единствениот македонски претставник кој преживеа во Лига Европа, тимот на Шкендија, вечерва (20 часот) го пречекува англискиот гигант Тотенхем во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. За жал, арената „Тодор Проески“ ќе биде празна, мечот ќе се гледа само преку телевизиските екрани, но секако е огромна шанса за докажување на квалитетите на македонскиот тим.
Тренерот Ернест Ѓока бара од фудбалерите да го дадат максимумот. Верува дека Шкендија има капацитет да им се спротивстави на ѕвездите на Жозе Мурињо.
„Зборуваме за Тотенхем, јасно е кои се тие во англискиот и во европскиот фудбал. Тим предводен од Жозе Мурињо, со ѕвезди од англиската репрезентација, Хари Кејн, Деле Али, Ерик Даер…, плус огромен број интернационалци. Но, тоа е и огромна шанса за Шкендија за докажување на квалитетите на едно врвно европско ниво“, вели шефот на стручниот штаб на Шкендија.
Капитенот Егзон Бејтулаи, спортски, потајно, верува и во чудо.
„Се знае кој е фаворитот, но и се знае дека Шкендија ќе се бори до последниот атом од силите. Ќе биде тешко, но веруваме дека можеме да се спротивставиме. Има европски капацитет во овој состав на Шкендија“, истакнува Бејтулаи.
Тотенхем нема ниту малку да ја потцени Шкендија. Жозе Мурињо најавува пеколен состав, со Хари Кејн, Хјонг Мин-Сон и Стивен Бергвајн во навалното трио, а зад нив Деле Али. Мечот е закажан за 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













